Денес на теренот на академијата се одигра натпревар кај генерацијата “2003“ помеѓу екипите на Вардар и Шкупи. Мечот убедливо им припадна на црвено-црните кои славеа со резултат 6:0
Тренерот Трајановски започна со следниот состав:Стојковски, Ѓорѓоски, Мешковски, Трпезановски, Јовановски, Давидовски, Стојановски, Мирков, Андрески,Прелоговски, Младеновиќ
Првата шанса на мечот ја имаше Антонио Мирков кој од десната страна биеше покрај голот на противникот. По пет минути игра, Вардарци го отворија резултатот и поведоа со 1:0, со голот на Петар Давидовски. Претходно истиов играч од истава позиција од корнер биеше со глава, но тогаш голманот на Шкупи го одбрани неговиот удар. Сепак од втора капитенот Давидовски не греши и со глава ја сместува топката во голот. Нашиот тим имаше поголем посед на топката и постојано го напаѓаше голот на противникот. Следен кој се обиде беше Димче Мешковски, кој од голема далечина биеше покрај голот. Добра шанса имаше Лео Андрески, но неговиот удар го брани противничкиот голман. Шкупи речиси и да не се закани посериозно кон нашиот гол. Откако Шкупи направи три корни, судијата покажа на местото каде се изведува скратен корнер. Се обиде нашиот голман Лука Стојковски, кој бие над голот на Шкупи. Не застанавме тука, продолживме со офанизвната игра, што ни донесе и нов корнер.
Овој пат не грешиме, а сигурен реализатор беше Антонио Мирков, кој го зголемува резултатот на 2:0. Претходно истиов играч ја погоди пречката од голот на гостите. Имаше обид Мирков и од слободен удар, но топката завршува во рацете на голманот. Во наредната акција се обиде Дарко Младеновиќ, кој бие само во добро поставениот голман на Шкупи. Имавме можност за зголемување на резултатот, кога во иста акција имавме два обиди. Најпрво бие Младеновиќ, а потоа и Јовановски, но чуварот на мрежата на Шкупи не дозволи поголема негатива. Сепак до крајот на првиот дел успеваме да постигнеме нов гол, а стрелец е повторно капитенот Петар Давидовски, кој зголемува на 3:0. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Во вториот дел беа направене неколку измени во нашиот состав. Од игра излегоа Андрески, Стојановски, Јовановски, Младеновиќ, додека на голто застана Сејди, а Стојковски доби шанса да игра во нападот. Следува нов гол во мрежат на Шкупи. Мирков до Прелоговски, несебично додаде Мирков, за зголемување на резултатот на 4:0, стрелец е Прелоговски. Горазд Јордановски само што влезе во игра успеа да постигне гол и тоа со удар од белата точка, за веќе “петарда“ во мрежата на Шкупи и предност од 5:0.
Вардар во продолжение имаше и шанса преку Дамјан Андреев која остана неискористена. Имаше обид и нововлезениот Пашариковски, но без реализација. Лука покрај голмански има и напаѓачки сопосбност, имаше одличен удар но голманот на Шкупи го одбрани ударот. Немаше среќа денес Стојковски, кој при еден пробив ја погоди пречката од голот на Шкупи. Сепак до крајот на мечот уште еден гол во мрежата на Шкупи, за конечен резултат од 6:0. Стрелец на псоледниот погодок беше Дамјан Андреев.
Ова беше 15 победа од исто толку одиграни мечеви за Вардаровата генерација “2003“. Сега избраниците на Трајановски имаат 8 бода повеќе од Милано и 11 повеќе од екипата на Шкупи, со што е многу блиску до освојување на шампионската тиутла.