Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци триумфално низ Германија

Вардарци триумфално низ Германија

Денес на програмата беше првиот четврфинален дуел од ЕХФ лигата на шампионите, кој се играше на теренот на противникот, во “Фленс“ арената. Во истиот нашиот Вардар гостуваше на германската  екипата  Фленсбург. Победа во овој дуел издвојува нашиот Вардар со 24-26.

Први со гол мечот го стартуваа црвено-црните преку Алекс Душебаев. Доминиравме во почетните седум минути , поведовме со 1-3 преку истиот играч во 7 минута. Потоа следеше минута одмор на домаќинот кој беше затечен од нашиот атак. Тие намалија на 2-3 сепак ние со головите на Циндриќ и Марсениќ поведовме со 2-5 во 13.минута. На голот беше феноменеален Арпад Штербик кој бранеше се. Се играше во продолжение гол за гол двата тима постигнаа по три погодоци, во 16.минута влеговме со резултат 5-8. Повторно блесна Штербик тоа го искористивме во нападот и преку Циндриќ зголемивме на “плус пет“ 5-10 во 19 минута. Во 25.минута по една украдена топка одлична контра истрча Тимир Дибиров погодувајќи за “плус шест“ со што првпат водевме со 6 гола позитива, 6-12. До крајот умно ја чувавме оваа предност , најпрвин Фленсбург намали на 9-13 по што ние во финишот повторно блеснавме. Со голот на Иван Чупиќ во 30.минута од пенал поведовме со 9-15, во одбрана се одбранивме. Штербик во првиот дел беше одличен и запиша дури 9 одбрани зад своето име односно одбрани речии 50% од ударите на германците на овој дуел во првите 30.минути, за нас 15 гола ги постигнаа дури пет различни црвено-црни момци.

Вториот дел почна со напад на германски Фленсбург, истиот беше пресечен од Тимур Дибиров. Тој фрли контра која Хорхе Македа ја претвори во гол за 9-16, тогаш првпат отидовме на “плус седум“ . Имаше исклучување за нашиот црвено-црн тим тоа германците не го искористија намалија на само 10-16 и промашија три пати, поточно Штербик ја покажа својата класа. Судиите откако погодивме за 10-17 исклучија повторно двајца наши играли во обид да помогнат на домаќинот. Домаќините искористија и намалија на 13-17 во продолжение од мечот, сепак Дибиров не враќа во ритам и погодува од крило, а Штербик брани повторно. Со голот на Иван Чупиќ од пенал во 40.минута поведуваме со 13-19. Во 45 минута влеговме со предост 17-22 за црвено-црните момци најавувајќи триумф на една четвртина до крајот на мечот. Домаќинот намали на 21-23 во 49минута од мечот со помош на судиската двојка. Во 53.мин со голот на Дибиров зголемивме на 21-25 за нас. На крај победивме 24-26.

Штербик имаше 17 одбрани, Душебаев и Циндриќ постигнаа по 5 голови, додека по 4 додадоа Дибиров и Чупиќ. Во четврток го играме реваншот во Јане Сандански.