Веќе на цела македонска ракометна јавност и е познато која судиска двојка ќе го суди возвратниот натпревар во рамките на 1/4 финалето од ракометната Лига на шампиони. На натпреварот кој ќе биде одигран во четврток во Скопје, главни арбитри ќе бидат секогаш незгодните за судење Мартин Гединг и Мадс Хансен.
Се надеваме на добро завршена работа на оваа судиска двојка, односно дека нема да влијаат негативно на настаните на теренот.
Натпреварот во четврток ќе започне со почеток во 19-00 часот.