Денес нашиот црвено-црн ракометен колектив беше организатор на куп група во Спорткиот Центар Јане Сандански, со две победи се пласираше на завршниот Ф-4 турнир од купот на Македонија. Вардар издвои две победи постигна вкупно 86 гола на двата натпревари.
Во првиот го победи РК Борец со 45:23 , а во вториот РК Охрид 41:22. Следен предизвик е утре во Струмица, каде ќе одиграат меч со екипата на Зомимак, во рамките на Супер лигата. Во сабота на програмата е Македонскот дерби со тимот на Металург.На денешниот меч со Охрид ракометарите на Вардар не беа без поддшка . Помала група од навивачката група Комити дојде во малата сала во Јане Сандански да ги бодри момците на Раул Конзалез во мечот кој значеше пласман на завршницата од националниот куп. Вардар е актуелен освојувач на истиот и доколку го одбранат истиот црвеноцрните ќе биде првиот ракометен клуб со двоцифрен број трофеи (10) во нашата земја.