Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без поголеми проблеми се пласираше во завршницата на купот
Вардар без поголеми проблеми се пласираше во завршницата на купот

Вардар без поголеми проблеми се пласираше во завршницата на купот

Црвено-црните ќе го бранат трофејот од купот освоен минатата сезона, откако во финалето беше совладана екипата на Металург. За само неколку часа одигра два меча во рамките на својата чеврт-финална група од купот. Во првиот меч одигран наутро против Борец забележаа висока победа. Истото сценарио беше актуелно и на дуелот со Охрид, каде е остварен висок триумф, од скоро дваесет гола разлика. Конечниот резултат гласеше 41:22. Слично како и на утринскиот меч, така и вечерва Гонзалес ги ротираше момците, и со речиси различни постави играше во текот на целиот натпревар. Во двете полувремиња на противникот му се дозволуваше да постигне само по 11 голови, што беше пресудно за високиот триумф.

Одбраната беше на високо ниво, нападот функционираше беспрекорно. Половина речиси од головите беа постигнати преку полуконтри и контри. Најумешно во тие ситуации се снаоѓање Добривоје Марковиќ, кој заврши и како најефикасен играч со 13 постигнати голови. Гонзалес им даде шанса за настап на сите ракометари кои беа на располагање. Ова денес беше само полесен тренинг и загревање, за натпреварите што ги очекуваат во следниве денови.

Веќе утре патуваат за Струмица, каде ќе одиграат меч со екипата на Зомимак, во рамките на Супер лигата. Во сабота на програмата е дербито со тимот на Металург. Мечот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.