Денес пристигна официјално соопштение од Рк Вардар. Билетите за натпреварот против Металург во рамките на 4-то коло на Супер Лигата ќе чинат 100 денари за трибина, односно 300 денари за Вип.
Ова е одличен потег на управата на Вардар, со пристојна цена да се наполни салата, и уште во сабота да славиме нова титула, со една одлична игра, и висока победа против слабиот Металург оваа сезона.
Билетите утре започнуваат да се продаваат во 12 часот, на билетарата пред сала, или онлајн преку мктикетс.мк
Наред Вардар!