Денес во седиштето на ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналето во купот на Македонија, во женска конкуренција. Ждрепката сакаше во 1/2 да се сретнат двете екипи на Вардар. Втората полуфинална двојка ќе ја сочинува дуелот помеѓу Металург и Пелистер 2012. Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во националниот куп ќе се одигра на 16 и 17-ти мај. Градот домаќин на оваа организација, дополнително ќе биде одреден.
Штета што двата тима на Жрк Вардар во меѓусебен дуел ќе се борат за финалниот натпревар. Ќе беше вистинско уживање доколку двете екипи ги гледавме во сестринското финале на купот на Македонија