Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО)Екипата на Борец лесен “залак“ за црвено-црните
(ФОТО)Екипата на Борец лесен “залак“ за црвено-црните

(ФОТО)Екипата на Борец лесен “залак“ за црвено-црните

Екипата на Рк Вардар денес ја започна борбата за пласман на завршницата во купот на Македонија. Без поголеми проблеми во малата сала во С.Ц. Јане Сандански успеаа да ја совладаат високо екипата на Борец. Конечниот резултат гласеше 45:23.На овој меч тренерот Гонзалес не ги штедеше своие играчи, и настапи со прилично силен состав. Уште пред почетокот на мечот јасно беше кој ќе биде победник. Прашањето беше, само со колку разлика во корист на Вардар ќе заврши овој дуел.

vardarfans bor

Без опуштања црвено-црните влегоа во овој меч и уште на полувремето имаа голема предност, која беше израена со 14 гола , поточно резултатот на полувреме беше 22-8. Во вториот дел црвено-црните настапија со една целосно нова постава на моменти максималната предност беше дури 23 гола. Гостите сосема малце го ублажиа поразот крајниот резултат 45:23 беше показател на разликата во неколку класи помеѓу двата тима. За победа на овој турнир и пласман на завршниот Куп турнир Вардар попладнево ќе игра со победникот од другиот полуфинален меч помеѓу тимовите на Прилеп и Охрид.

varadarfans bor1

Статистика : Милиќ, Ангелов, Стоилов 5, Брумен 5, Прибак 3, Тоскиќ, Марковиќ 6, Карачиќ 4, Душебаев, Абутовиќ 6, Лазаров 4, Растворцев 4, Чипурин 8.

фото:rkvardar.mk