Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар на големо се подготвува за Ф4, Францускиот прволигаш Флери доаѓа во Скопје на два тест меча
ЖРК Вардар на големо се подготвува за Ф4, Францускиот прволигаш Флери доаѓа во Скопје на два тест меча

ЖРК Вардар на големо се подготвува за Ф4, Францускиот прволигаш Флери доаѓа во Скопје на два тест меча

По победата на Ѓер нашите девојки се подготвуваат за Ф4 завршниот турнир во Будимпешта кој ќе се одигра 9ти и 10ти Мај. Покрај мечевите во нашата лига за темпирање на формата црвено-црните ќе имаат посилни тест мечеви и заеднички тренинзи со прволигашот кој доаѓа од Француската лига тимот на Флери .

Потребата од силна контролка и темпирање на формата која за жал не може да се темпира со противниците во Македонија ќе биде решена со гостувањето на Французинките . Флери во Скопје ќе биде од 23 Април до 26 Април во тој период  ќе има покрај двата тест дуела од кој едниот ќе биде од затворен , а едниот од отворен карактер и заеднички тренинзи со нашите девојки. Во четврток двата женски ракометрни колектива ќе имаат заеднички тренинг следниот ден ќе одиграат пријателски меч од затворен карактер. Викендов односно во сабота повторно  низ заеднички тренинг ќе се темпира формата за искушението во Будимпешта , а во недела во меч отворен за јавноста и публиката ќе се одигра последниот тест со девојките од Флери  .

По заминувањето на гостите нашите девојки играат меч од домашното првенство со тимот на Жито Прилеп на 29 Април , а на 2 и 3 Мај е закажано полуфиналето и финалето во кое Жрк Вардар ќе се обиде и судејќи по квалитетот ќе го одбрани трофејот во Македонскиот куп. Заминувањето за Будимпешта на завршниот Ф4 турнир во Лигата на европски шампионки е закажано два дена пред полуфиналниот дуелот со Будуќност на 7 Мај.

фото:zrkvardar.mk