Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат патот до одбраната на Купот трофејот на РК Вардар, Црвено-црните организатори на две куп групи
Познат патот до одбраната на Купот трофејот на РК Вардар, Црвено-црните организатори на две куп групи

Познат патот до одбраната на Купот трофејот на РК Вардар, Црвено-црните организатори на две куп групи

Ракометниот клуб Вардар годинава ќе го брани трофејот во ракометниот куп на Македонија . Вардар ќе организира две групи од првата фаза на купот . Вардар ќе се обиде да ја зголеми својата колекција на 10 трофеи во ова натпреварување . Првиот тим ќе биде домаќин во Спортскиот Центар Јане Сандански , а тимот на Вардар Јуниор својте мечеви како организатор ќе ги одигра во Салата Кале. Црвено-црните со својот квалитет кој го поседуваат во однос на другите македонски ракометни екипи се изразит фаворит годинава за одбрана на купот на Македонија . Термините начелно се 18 и 19 Април со можност за промена на некој мечеви по потреба заради настапот во Европската ракометна лига на Шампионите . Ќе има  четири куп групи кој изгледаат вака :

I-Група (Организатор- Вардар)
Прилеп 2010 – Охрид 2013
ГРК Борец – Вардар

II -група (Организатор-Пролет 62)
Пролет 62 – Работнички
ГРК Лозари – Металург 2

III -група (Организатор-Вардар ј.)
Вардар јуниор – Зомимак
Преспа – Пелистер

IV- група (Организатор-Металург)
Металург – Феникс
Текстилец – Радовиш