Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА: КК Вардар денес гостува во Прилеп кај Марфил , КОМБАТ за жал не сме во можност да присуствуваме за првпат на меч на Вардар
КОШАРКА: КК Вардар денес гостува во Прилеп кај Марфил , КОМБАТ за жал не сме во можност да присуствуваме за првпат на меч на Вардар

КОШАРКА: КК Вардар денес гостува во Прилеп кај Марфил , КОМБАТ за жал не сме во можност да присуствуваме за првпат на меч на Вардар

КК Вардар денес ќе го одигра  последниот дуел во третата кошаркарската лига на Македонија со тимот на КК Марфил Спорт. Мечот ќе го одиграат нагости во Прилеп истиот беше претходно одложуван , а денес вонредно закажан за одигрување . Вардар на првиот меч во малата салата Кале го победи гостинскиот тим со огромни 49 поена разлика со резултат 111-62 . За црвено-црните ова е последен дуел од сезоната и воедно последен во овој ранг бидејќи со сигурност се промовирани во втората по квалитет Македонска кошаркарска конкуренција за следната сезона.

За жал бидејки овој меч вондредно се закажа а дури утрово се известени навивачите на Вардар навивачката група КОМБАТ 87 за жал првпат ќе пропуштат меч на својот љубимец оваа сезона , самите преку известување за мечот го велат следново :

-Одложениот натпревар во Прилеп а воедно и последен натпревар на кошаркарскиот клуб ќе се одигра денеска, ова ќе биде единствениот натпревар во третата лига на кој ние нема да бидеме присутни, за жал околностите се такви, денеска дознавме дека ова е терминот. Им посакуваме на нашите кошаркари победа иако не се навикнати да играат без наша поддршка. САМО ВАРДАР!!!