Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ : Никаква лоша игра и незалагање на теренот нема да не спречи да го бодриме Вардар
КОМИТИ : Никаква лоша игра и незалагање на теренот нема да не спречи да го бодриме Вардар

КОМИТИ : Никаква лоша игра и незалагање на теренот нема да не спречи да го бодриме Вардар

Навивачката група Комити ќе присуствува на утрешниот дуел помеѓу нивниот миленик ФК Вардар и тимот од Тетово Тетекс по тој повод со соопштение на својот веб-сајт се обратија до јавноста , својте членови и фудбалерите на црвено-црните :

Фудбалерите на Вардар уште еднаш покажаа дека ништо не им значи нашата поддршка, дека сеедно им е дали некој ги бодри низ цела Македонија, па дури и надвор од државата, дека играат како да се членови на некое “кондом” клупче на кое единствен навивач е газдата и вработените во неговата фирма. Никој нема да ги критикува доколку играат одлично, но не успеваат да победат, но за ваквата бездушна игра, немоќта да се направи една добра акција на неколку натпреари по ред нема никакво оправдување.

Како навивачка група за прв пат оваа сезона го изразивме нашиот револт кон играта на Вардар и пред се кон кормиларот на екипата, кој за времето поминато на нашата клупа покажа дека не е соодветниот човек за еден Европски Вардар како што сите најавуваа. Толку силна екипа на хартија, а толку бледа игра на теренот…

Фудбалерите тешко прифаќаат критика и не гледаат како да сме нивни непријатели, иако ги следиме секаде и им ја даваме нашата поддршка, а не сфаќаат дека едноставно ни е дојдено преку глава од лажните децениски ветувања за Европски Вардар.

И ПОКРАЈ СЕ, НИКАКВА ЛОША ИГРА И НЕ ЗАЛАГАЊЕ НА ТЕРЕНОТ НЕМА ДА НЕ СПРЕЧАТ ДА ГО БОДРИМЕ НАШИОТ КЛУБ. Затоа, во среда во 16 часот задолжително присуство на западот!
СИТЕ НА ЗАПАД!

Карта 50 со членска, 100 без членска.
Вардар-Тетекс 16 часот 08.04.2015