Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пораз за кадетките, победа за младинките на Жрк Вардар

Пораз за кадетките, победа за младинките на Жрк Вардар

Во дербито во кадетската лига помеѓу екипите на Металург и Вардар, поуспешни беа кадетките од Металург. Во салата во Автокоманда, домаќинките им нанесоа висок пораз на нашите кадетки со резултат 32:19. Само во првите 30 минути одржувавме некаква резултатска рамнотежа, кога се замина со негатива од 15:10.

Големиот пад во играта во второто полувреме, доведе на крај да забележиме голем пораз. Немаше многу расположени ракометарки кај црвено-црните. Највеќе се истакна Анастасија Николовска со 8 и Моника Георгиевска со 4 голови.

Младинките пак забележаа победа на гостувањето во Битола, против екипата на Пелистер со резултат 25:35. Преку брзи полуконтри и контри беа постигнувани најголем број од головите. Марија Прленда и Наташа Нолевска беа најефикасни кај Вардар.