По огромниот успех и победата над Ѓер , раководството на женскиот ракометен клуб Вардар јавно со соопштение се заблагодари на пеколот кој го создаде публиката во салата .
Раководството и ракометарките на Вардар од сѐ срце им благодарат на своите верни навивачи што го препознаа најважниот момент, дојдоа во голем број и безрезервно и еуфорично нѐ бодреа.
Нашите ракометарки почувствуваа како е да се биде едно со публиката, да се даваат голови, да се игра и 60 минути да се живее за навивачите и за незаборавната атмосфера. Кога Вардар има ваква поддршка тогаш нема граници за нашите можности.
Потхранети од незаборавниот спектакл, ракометарките ќе отпатуваат во Ѓер полни со самодоверба и ќе дадат сѐ од себе да го комплетираат успехот со пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите и на тој начин да се оддолжат на своите фанови.
Љубовта меѓу Вардар и навивачите допрва ќе расте и ќе носи големи победи и историски резултати.
Една љубов, еден живот!