Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ИСТОРИСКА ШАНСА! Со победа во купот РК Вардар ќе биде прв ракометен тим со двоцифрен ракометни одличја-10 во Македонија
ИСТОРИСКА ШАНСА! Со победа во купот РК Вардар ќе биде прв ракометен тим со двоцифрен ракометни одличја-10 во Македонија

ИСТОРИСКА ШАНСА! Со победа во купот РК Вардар ќе биде прв ракометен тим со двоцифрен ракометни одличја-10 во Македонија

Историска шанса сезонава му се укажува на нашиот ракометен клуб Вардар и тоа во купот на Македонија да биде првиот Македонски ракометен колектив со двоцифрен број одличја. Во купот Вардар има 9 титули и годинава е шанса за 10-тата . Денес се извлечени групите за купот каде што црвено-црниот тим е апсолутен фаворит.

Вардар е најтрофеен ракометен Македонски колектилив во моментов и тоа со 8 првенствени и 9 куп трофеи . Во купот покрај нашите 9 на второ место со по 5 титули се Металург и Пелистер, по еден трофеј имаат Тутунски Комбинат, Борец и Куманово . Во првенството има Вардар 8 , а со  6 го следат екипите на Металург и Пелистер ,се надеваме дека годинава ќе стигнеме до бројот 9.

РК Вардар исто така во својата историја три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/2007), а еднаш беше четвртфиналист во Челинџ купот (2005/2006). Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, РК Вардар загуби од Адемар Леон (27:29, 20:35). Во второто полуфинале во КПК (2004/2005) не успеа да го мине РК Загреб (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) непремостлива пречка беше Гумерсбах (21:33, 29:38). Во сезоната 2013/14 ракометарите на Вардар го остварија најголемиот успех во клупската историја во Лигата на шампионите, со пласманот во четвртфиналето, кога беа елиминирани од бундеслигашот Фленсбург (24:22 ; 25:27), кој на завршниот турнир во Келн ја освои највредната европска титула.