Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ѓер на колена, Вардарки со шест гола во реваншот
Ѓер на колена, Вардарки со шест  гола во реваншот

Ѓер на колена, Вардарки со шест гола во реваншот

Одлична увертира пред раваншот и феноменална игра на нашите девојки кои блеснаа повторно во овој меч. Со плус шест гола ќе почнеме на реваншот за седум дена во Унгарија.

Натпреварот започна одлично за нашите девојки и Суслина која уште на стартот нанижа три одбрани, од кои една беше од седум метри. Првиот гол гостинките го постигнуваат во 5 минута, а со голот на Сираба Дембеле в0 8 минута имаме предност од 5:1. Тоа беше знак за Мартин Амброс да повика тај-маут, по кој неговите избранички се вратија целосно во игра. Нивниот можеби најопасен игра, пикерот Локе донесува прво израмнување 6:6 во 14 минута од мечот. Кастратовиќ и Питлик одговараат исто со минута одмор да ги смират своите ракометарки. Радичевиќ со својот прв погодок ја прекинува серијата на Унгарките, а со голот на Лекиќ од седум метри повторно го преземаме водството. Суслина продолжува со одличното издание на голот, веќе прави 8 одбрани ,што им овозможуваат на Дембеле и Лекиќ да зголемат на 11:7. И на спротивната страна одлично полувреме имаше на голот Гримзбо. Најубав момент во првиот дел беше цепелинот на Пенезиќ и Радичевиќ за воодушевување на трибините. Најдобриот наш стрелец Пенезиќ со погодок го завршува првото полувреме, каде имаме предност од 14:10. Суслина имаше 11 одлични интервенции.

Вториот дел слично како и првиот започнува со одбрана на Суслина, а Пенезиќ донесува најголеми плус пет гола позитива и е најрасположен наш играч во тие моменти. 13-те одбрани на Суслина се како ветер во грб за нејзините соиграчки, кои ја одржуваат најголемата предност. Неколкуте чудни судиски одлуки му овозможуваат на противникот да намали на 18:15 во 43 минута. Радичевиќ конечно постигнува погодок за повторно да имаме солидна позитива. Двојната интервенција на Лејно од пенал ја подига атмосферата во салата. Тоа максимално го искористуваме да поведеме со најголеми шест гола со голот на Радичевиќ. Резултатот во тие моменти гласи 21:15. На нецели три минути пред крајот се игра гол за гол. Радичевиќ краде топка за 24:18. Лејно е неверојатна на голот. Конечниот резултат гласи 24:18

Најефикасни беа Радичевиќ со 7 и Пенезиќ со 5 гола.

БРАВО ДЕВОЈКИ.