Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар анемичен во Штип со Брегалница 0-0
Вардар анемичен во Штип со Брегалница 0-0

Вардар анемичен во Штип со Брегалница 0-0

Почнуваме со прашањето ДО КОГА ВАКА ???? Ова е европски Вардар , а Андреев, нели е доста ,оставка  треба да си подготвите… ? ЗАР НЕ Е ЖАЛНО ЗА ОНИЕ КОЈ ПАТУВАА ДО ШТИП ДА ВЕ БОДРАТ 90 МИН НА СОПСТВЕН ТРОШОК?Црвено-црните неуспеаа да дојдат до победа трета по ред на исто толку гостински мечеви пролетва во ПМФЛ .

Пред околу 3-4000 гледачи во Штип по ведро време се сретна нашиот Вардар и домаќинот Брегалница. ФК Вардар мечот во Штип го почна со :   Пачовски,  Хамбарџумјан, Таневски,  Глигоров,  Попов,  Стојановски,  Ибричиќ,  Глигоров,  Љамчевски,  Блажевски,  Ивановски .  Првите минути минаа мирно во игра помеѓу двата казнени простора . Во 7 минута првата закана на Вардар Љамчевски нафрли , но топката не стигна до ниеден Вардаров играч бидејќи голманот на домаќинот Гечевски успеја да ја пресече . Во 12 минута од 20сетина метра Блажевски од слободен удар не успеја да го загрози голот на Брегалница неговиот удар беше изблокиран. Голема шанса за црвено-црните во 20сетата минута топка од лево центаршут до Ибричиќ кој со глава од само 7-8метра за малце стрела над гредата . Десет минути подоцна во повторно голема шанса и повторно на сличен начин по центаршут од Љамчевски од слободен удар овој пат Ивановски за малце ја префрла гредата од голот на домаќините. Следи целосна доминација и иницијатива на Вардар но Брегалница се брани веројатно задоволна од почетните 0-0 . На стадионот се слуша само една песна Комитската . Комити во текот на целото прво полувреме без престан ги бодрат црвено-црните .

Вториот дел почна со мала иницијатива на домаќинот Брегалница пред нашиот гол , но без сериозна опасност. Во 51минута од мечот домашниот играч Здравков се заканува од слободен удар но топката иде над голот на Пачовски . Андреев го поволекува првиот потег од клупата го внесува Дашјан на местото на Стојановски . Во продолжение повторно шанса за домаќинот и тоа од контра , но Здравков  не успева да ја погоди рамката на голот повторно. Анемичен е овој тим на Вардар денес далеку е од посакуваната форма темпирана во Анталија се мачиме повеќе од час со полу-тимот на Брегалница. Андреев од клупата пробува да влиаје на текот на средбата го внесува во игра и Миранјан на место на Љамчевски . Комити пробуваат да ги подигнат вардаровите фудбалери , се пожестоко ги бодрат, следи скандирање : сакаме победа , сакаме победа…     Но наместо наши шанси, Брегалница се закани среќна околност е што Пачовски и одбраната успеаа да ја спречат оваа акција и срамот да поведе Брегалница со 1-0 . По еден старт пред пред противничкиот 16стерец  црвен за Дашјан и жолт картон за приговор Ивановски . Мечот завршува со почетните 0-0, домаќините слават .