Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар убедлив на стартот на Супер лигата
Рк Вардар убедлив на стартот на Супер лигата

Рк Вардар убедлив на стартот на Супер лигата

Полесен тренинг за избраниците на Раул Гонзалес на денешниот натпревар. Во малата сала во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните забележаа убедлива победа против екипата на Прилеп, со резултат 41:26 и со тоа го почнаа походот кон освојување на нова шампионска титула.

Само во првите 15 минути од мечот гостите одржуваа резултатска рамноправност, кога успеваа на два пати да го израмнат резултатот. Сепак разликата во квалитет дојде до израз во продолжение од мечот, па така на полувреме се замина со предност од 18:11.

И на почетокот на вториот дел Прилеп се обидуваше да се врати во игра. Највеќе што успеа да направи е да намали на шест гола негатива. За повеќе немаше сили, Вардар ја презема играта под своја контрола и до крајот на мечот само го зголемуваше водството.

На овој дуел игравме без ударната бековска линија Душебаев-Карачиќ-Горбок, но и покрај тоа располагаме со многу поквалитетен играчки кадар за вакви натпревари. Тоскиќ и Шишкарев беа најпрецизни пoстигнувајќи по 6 голови.

Фото:Рквардар мк.