Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Горјан Трајковски: Одигравме одличен натпревар

Горјан Трајковски: Одигравме одличен натпревар

Помладите пионери на Фк Вардар забележаа многу важна победа со која останаа во трката за шампионската титула во оваа категорија. Денес на теренот на локомотива, го победија лидерот во првенството, екипата на Македонија Ѓ.П со убедливи 5:0. Со овој триумф се доближија до само еден бод разлика на денешниот противник. Стрелци на головите беа Марко Ѓоргиевски(2), Кренарт Дардиша, Горјан Трајковски и Стефан Миљковиќ.

11139531_847736675346894_865757749_n

-Одигравме еден одличен натпревар. Сите бевме максимално мотивирани, тоа го покажува и резултатот. Задоволен сум од мојата игра со оглед на тоа дека го постигнав и мојот прв гол оваа сезона во дресот на Вардар. Оваа победа е многу важна, затоа што сме на само еден бод разлика од Ѓорче. Во продолжение од лигата очекувам да бидеме шампиони и да го освоиме купот, изјави Горјан Трајковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски