Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреја Лекиќ- Имавме неверојатна атмосфера во салата
Андреја Лекиќ- Имавме неверојатна атмосфера во салата

Андреја Лекиќ- Имавме неверојатна атмосфера во салата

Задоволството од големата победа во рамки на 1/4 финалето над Ѓер на прес-конференцијата не го криеја шефот на стручниот штаб Кастратовиќ и ракометарката Лекиќ . Особено големо е задоволството од атмосферата создадена во Спортскиот Центар Јане Сандански . По тој повод во пренесената изјава од клубскиот сајт Лекиќ вели :

Одигравме еден исклучителен меч, решавачка беше одбраната, која беше дефинитивно најдобра оваа сезонава. Тоа го кажува и резултатот, важно е што не примивме многу голови, залихата од шест гола е голема, но на денешницава не се знае, имаме добар пример со мажите и мечот со Висла дека шест гола се стигнуват. Таму почнуваме од 0-0, да не зборувам клишеа, но одбраната мора да биде на исто ниво ако сакаме успех. Благодарност до публиката, навистина имавме неверојатна атмосфера, најдобра оваа година.

За победата од шест гола на својте избранички и пеколната атмосфера создадена од публиката главниот тренер на Вардар Индира изјави :

Публиката и оваа пеколна атмосфера ги чекавме година дена и мислам дека без неа немаше да направиме шест разлика. Реков уште претходно, така и останува сега – ова е само прво полувреме. Вежбавме одбрана, работевме многу на тоа и се покажа решавачко, горда сум на девојките што го сработија договореното. Останува да работиме малку повеќе во напад, на реализацијата, видовме дека не се снајдовме најдобро кога ни ја сменија одбраната и ни се спротивставија со 5-1. Не се предаваме, шест разлика не е ни малку, не е ни многу, денеска може да се радуваме од утре со ладни глави се подготвуваме за реваншот во Ѓер.