Friday ,25 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2002“ заврши голема работа во Битола, совладувајќи ја убедливо екипата на Талент, на првиот меч од 1/2 на купот

Вардаровата генер. “2002“ заврши голема работа во Битола, совладувајќи ја убедливо екипата на Талент, на првиот меч од 1/2 на купот

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2002“ година убедливо го доби првиот полуфинален натпревар од купот на Македонија. Попладнево избраниците на Петар Ѓорѓиевски гостуваа во Битола на екипата на Талент, во рамките на полуфиналето од купот на Македонија. Црвено-црните завршпија голем дел од работата уште на овој меч, славејќи триумф со резултат 0:3

Уште по првото полувреме имавме водство од 0:2. Азер Омерагиќ беше играчот кој му донесе предност на црвено-црниот состав од 0:1. До крајот на првиот дел погодивме уште еднаш, овој пат со голот на Атом Фазлиу, за предност од 0:2. Со овој резултат се замина на полувреме.

Продолживме со добрата игра и во второто полувреме, која беше крунисана со уште еден гол во мрежата на домаќинот. По втор пат на овој меч погоди Атом Фазлиу, носејќи му убедливо водство на Вардар од 0:3. Противникот речиси и да немаше некоја посериозна шанса на денешниот дуел, Вардарци имаа голем посед на топка, а покрај головите создадовме уште неколку добри шанси. На тој начин со голема предност ќе го дочекаме реваншот во Скопје, кој ќе се одигра за седум дена на теренот на академијата. Во недела пак нашите надежи ги очекува натпревар од региоаналната-скопска лига, против тимот на Милано.

ФК Вардар: Величковски, Петејчук, Асани, Костовски, Ѓурковски, Илиевски, Салиу, Речица, Игнатов,Фазлиу, Омерагиќ.

Денешниот ден беше успешен за нашите генерации, каде забележавме три победи и еден пораз, во рамките на првите полуфинални мечеви од националниот куп.