Дојде големиот ден. Дојде денот кој треба да значи историја за Вардар. Денеска “црвено – црните” треба да испишат нова страница во историјата на најтрофениот македонски ракометен колектив во земјава. Се е подготвено за истото. Вардарци имаат повеќе од солиден резултат од Германија, вардарци ја имаат судбината во свој раце. Доколку Вардар одигра сличен натпревар како оној во Германија, тогаш победата и пласманот на толку посакуваниот Ф-4 турнир нема да биде доведена во ниту еден знак прашалник.
Голема поддршка Вардар очекува и од своите навивачи. Салата веќе е целосно распродадена, се очекуваат повеќе од 6.000 навивачи на Вардар во салата, но и многу надвор од неа, да придонесат за еден одличен амбиент кој ќе се раскужува со години.
Се е подготвено за славје. Се гледаме во СЦ. “Јане Сандански”. Играј Вардар за својата фамилија!