Вчера во С.р.ц “Кале“ во Скопје се одигра дербито во машката пионерска ракометна лига од групата 1. Екипата на РК Вардар предводена од Адријана Будимир го пречека пионерскиот состав на РК Работнички кој на кормилото го има Стевче Алушевски. Момците на Вардар стигнаа до победата и се најдоа чекор поблиску до пласман на завршниот турнир. Тие триумфираа со 25-19 (11-9), извештај од мечот погледнете на нашиот сајт-овде, а во продолжение ви носиме фотогалерија од дуелот.
Фото: Анастасија Андрееска за Вардар фанс