Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ден за историја, играј Вардар за својата фамилија!
Ден за историја, играј Вардар за својата фамилија!

Ден за историја, играј Вардар за својата фамилија!

Дојде големиот ден. Дојде денот кој треба да значи историја за Вардар. Денеска “црвено – црните” треба да испишат нова страница во историјата на најтрофениот македонски ракометен колектив во земјава. Се е подготвено за истото. Вардарци имаат повеќе од солиден резултат од Германија, вардарци ја имаат судбината во свој раце. Доколку Вардар одигра сличен натпревар како оној во Германија, тогаш победата и пласманот на толку посакуваниот Ф-4 турнир нема да биде доведена во ниту еден знак прашалник.

Голема поддршка Вардар очекува и од своите навивачи. Салата веќе е целосно распродадена, се очекуваат повеќе од 6.000 навивачи на Вардар во салата, но и многу надвор од неа, да придонесат за еден одличен амбиент кој ќе се раскужува со години.

Се е подготвено за славје. Се гледаме во СЦ. “Јане Сандански”. Играј Вардар за својата фамилија!