Одбојкарскиот клуб на Вардар на својата официјална Фејсбук страница oбјави дека по повод 70 години од постоењето на спортското друштво „Вардар“, ќе одиграат пријателски натпревар на кој во Скопје ќе гостува екипата на ОК Ниш.
Натпреварот ќе биде одигран помеѓу кадетските и јуниорските екипи на двата тима. За терминот и салата на одигрување на мечот, од Вардар ни јавуваат дека дополнително ќе бидат познати преку нивната страница на Фејсбук.