Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ништо од дербито кај помладите пионери, Марио Илиевски со хет-трик ги реши романтичарите и му донесе победа на Вардар

Ништо од дербито кај помладите пионери, Марио Илиевски со хет-трик ги реши романтичарите и му донесе победа на Вардар

Денес на теренот на академијата се одигра фудбалаското дерби во конкуренција на помлади пионери, помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Нашите млади надежи убедливо го добија дербито, совладувајќи го противникот со резултат 4:1. Хет-трик постигна Марио Илиевски, додека еден беше дело на Марио Спировски.

Тренерот Сашо Јанев го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Андов, Манасиевски, Ѓурковски, Бојковски, Мирчески, Асенов, Астарџиев, Илиевски, Мартин Спировски, Димоски,Марио Спировски.

Во првите 15 минути од мечот екипата на Работнички беше подобрата на теренот. Се обидуваа први да постигнат гол, а во овој период нашиот состав беше во дефанзива. Поради една наша грешка во одбраната, гостинот можеше лесно да поведе, но за наша среќа топката завршува над нашиот гол. Уште еден удар имаше екипата на Работнички, но нашиот голман, Матеј Андов го одбрани ударот. Еден погодок на Вардар го сврти целиот мечот во спротивна насока. Успеавме први да го отвориме резултатот и тоа со евро гол на Марио Спировски, кој ја закова топката под пречката и влезе во мрежата за водство од 1:0.

vardarfans-radost

За одбележување е слободниот удар на Работнички, но топката далеку од нашиот голман. Избраниците на Сашо Јанев во продолжение од првото полувреме беа надмоќни и целосно го надиграа противникот. Играта на Работнички се распадна кога, Вардар поведе со 2:0 со погодокот на Марио Илиевски. Направивме одлична акција, а во главна улога беше Мартин Спировски како асистент, и Илиевски како реализатор кој добро ја прими топката и шутираше небрането за противничкиот чувар на мрежата. Црвено-црните беа во целосна офанзива и правеа константен притискок.  Тоа вродува со нов гол и хет-трик на Марио Илиевски, кој повторно се наоѓа на вистинското место и погодува за 3:0. Целосен пресврт на настаните, каде Вардар беше многу подобра екипа на теренот. На полувреме се замина со наше водство од 3:0.

vardarfans-tekst

На самиот старт на второто полувреме можевме да го зголемиме резултатот, но ударот на Марио Илиевски го брани противничкиот голман. Дебакл на Работнички на овој меч, кој е првопласиран во лигата. Денес Марио Илиевски го одигра можеби својот најдобар натпревар. Астарџиев даде одличен пас на Спировски, кој ја врати топката до Илиевски кој со одиличен удар ја смести во голот на гостинот, за убедлива предност од 4:0. Гостинската екипа во следните минути успеа да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 4:1. Беа направени и неколку измени во нашиост состав. Од игра излегоа Спировски Марио. Илиевски Марио, Мартин Спировски, Давид Астарџиев и Мирчески. На нивно место влегоа Хасановиќ, Николов, Хасиќ, Салиу и Апостоловски. Во шанса се најде и нововлезениот Самир Хасиќ, кој добро бие, но голманот на Работнички го брани ударот. Конечниот резултат на крајот беше 4:1.

vardarfans-naslovna vardarfans-pomladi-pioneri