Ракометниот спектакл во С.Ц. Јане Сандански му припадна на Вардар, кој славеше убедливо на реванш натпреварот од четвртфиналето против екипата на Фленсбург и на тој начин обезбеди пласман на завршниот турнир во Келн. Ретко видена ситуација на ракометните терени, се случи токму на вчерашниот натпревар на овие две екипи. При еден напад на Фленсбург, крилото Данил Шишкарев пресече една топка од противникот и од голема далечина се реши да го погоди голот на гостинот. Едно од девојчињата задолжени за бришење на подот, во моментот на упатување на ударот се најде пред голот на Фленсбург, но сепак беше снаодлива и ја препушти топката која одеше во голот.
Погледнето го ова интересно видео.