Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новиот шампион на Македонија ќе се решава на 11-ти мај, Вардар “брка“ три гола негатива против Металург

Новиот шампион на Македонија ќе се решава на 11-ти мај, Вардар “брка“ три гола негатива против Металург

После освојување на СЕХ-лигата и историскиот пласман на завршниот турнир од лигата на шампиони, екипата на РК Вардар се враќа на настапите во домашната супер-лига и куп. Вардарци имаат обврска пред себе да освојат нова титула од супер-лигата, што ќе биде вкупно единаесетта за нив. После поразот против Металург, во првото коло од плеј-офот во спортската сала во Автокоманда (29:26), Вардарци до крајот на сезоната треба да ги добијат сите останати натпревари во првенството. Сепак решавачкиот меч за титулата ќе се одигра на 11-ти мај во С.Ц. Јане Сандански. Ако Металург ги добие натпреварите пред овој меч, на црвено-црните ќе им биде потребен триумф поголем од три гола разлика. Првично овој натпревар требаше да се одигра на 30-ти мај, но поради собирот за квалификацискиот дуел против Ислан, истиот е поместен.