Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Александар Нанов: Турнирот во Босна имаше посебно значење за мене, бидејќи се натпреварувавме со едни од најдобрите клубови на балканот

Александар Нанов: Турнирот во Босна имаше посебно значење за мене, бидејќи се натпреварувавме со едни од најдобрите клубови на балканот

Две младински екипи на ракометниот клуб Вардар беа дел од силен меѓународен турнир “Ракометот во срцето“, кој во периодот од 23-25-ти април се играше во три града во Босна и Херцеговина. На него нашите кадети предводени од тренерскиот тандем, Чивлачки-Грчевски го освоија четвртото место. Во групната фаза забележавме две победи (против екипите на Маглај и Јерузалем), додека ремизиравме во дуелот со Урбанскејп Лока. Дел од оваа генерација на РК Вардар е левото крило, Александар Нанов кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од турнирот во БИХ.

-Овој турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина за мене има посебно значење, бидејќи се натпреварувавме со едни од најдобрите клубови на балканот. Органицијата на турнирот беше на висото ниво, се чуствувавме како вистински професионалци. Гордо излегувавме на терен носејки го црвено црниот дрес, едноставно имавме самодоверба во себе. Во групната фаза забележавме две победи и еден нерешен резултат, па така го заземавме првото место со цел да добиеме послаб противник во полуфиналето.

Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Извиѓач од БИХ, натпревар кој го загубивме, по што ни остана борбата за третото место.

-Среќата не беше на наша страна, каде го добивме најдобриот противник и тој меч во полуфиналето го изгубивме. Ни остана уште натпреварот за третото место, на него влеговме доста мотивирани и гладни за победа. Сепак исцрпеноста си го направи своето и противничката екипа Урбанскејп Лока во последните минути дојде до разлика од пет голови. Го освоивме четврто место, бевме малку разочарани бидејќи можевме да се носиме и надигруваме со најсилните екипи.

Кадетите на Вардар играа на завршниот турнир во кадетската лига, каде станаа вицешампиони на Македонија.

-Одигравме добра сезона и во кадетската лига, каде го освоивме второто место. Д0каз е тоа што оваа сезона го победивме Металург со четири гола разлика, во регуларниот дел на сезоната Учествувавме на завршниот турнир од кадетската лига каде во финалето изгубивме од Металург. Со оглед дека имавме десет победи и два порази, може да се каже дека оваа сезона е успешно завршена за нашата екипа.

Звонко Ивановски