Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар ја завршија сезоната на делба на врвот со КК Империл Тобако
Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар ја завршија сезоната на делба на врвот со КК Империл Тобако

Јуниорите на кугларскиот клуб Вардар ја завршија сезоната на делба на врвот со КК Империл Тобако

Од оваа сезона поточно од почетокот на пролетната полусезона покрај сениорските тимови екипите во Македонската кугларска лига активираа и јуниорски екипи. Целта на овој проект беше да се создадат нови, млади генерации кои ќе бидат иднината на овој спорт. Покрај другите екипи ваков тим создаде и црвено-црниот кугларски колектив, со што може да кажеме дека сосема успешно одговоривме на на овој предизвик.

Јуниорите со тренерот Дради Димитровски

Јуниорите со тренерот Дради Димитровски

Драги Димитровски кормиларот на сениорите се предаде целосно на јуниорскиот тим со цел да создаде нови црвено-црни момци. Тие напредуваа од меч во меч постојано совладувајќи ги вештините на овој спорт. Нашиот јуниорски состав има тројца играчи станува збор за Љупчо Митиќ, Мартин Митиќ и Костадиов. Тие своето “огнено крштевање“ го имаа со екипата на КК Макпетрол кога триумфираа со јуниорите на шампионот со 3-1. Потоа од дуел во дуел редеа успеси и ја подобруваа својата форма и кугларска вештина.

jun

jun3

Вкупно одиграа во јуниорската лига осум натпревари во кој имаа одличен успех, на шест од нив дојдоа до победа и на само два беа поразени. Со овој скор тие заедно со јуниорскиот состав на екипата на  КК Империла Тобако ТКС се првопласирани. Двата тима освоија по 12 бода, трет на табелата е јуниорскиот тим на “пумпашите“ со 10 бода, четврти е тимот на КК ГТЦ Мусандра со 6 бода, последен е КК 18-ти Август 2016 без поени. Екипата на КК Хераклеа од Битола оваа сезона не учествуваше со јуниорски тим во ова натпреварување.  Нашите млади надежи покажаа дека во нив има “штоф“ за одлични куглари, особено беше потенциран напредокот на највозрсниот помеѓу нив Љупчо Митиќ кој слободно може да кажеме дека “чука“ на вратата на сениорскиот колектив. Очигледно тренерот Димитровски покажа дека е сеуште во форма кога станува збор за создавање на нови куглари кои ги краси  квалитет и одлична игра.