Руските судијки Викторија Алпаидзе и Татјана Березкина ќе му судат на Вардар во дуелот против ЧСМ Букрешт, во полуфиналето на завршниот Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Натпреварот помеѓу овие две екипи ќе биде одигран утре во Будимпешта со почеток во 17 часот и 45 минути.
Доколку Вардар се пласира во големото финале кое ќе биде одиграно в недела, судиската двојка ќе доаѓа од Данска. Станува збор за Карина Кристијансен и Лине Хаселдал.
Инаку, во второто полуфинале на кое се среќаваат Будуќност и Ѓер, судиска двојка ќе биде Кристина Настасе и Симона Станцу од Романија.