Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Епа Вардаре, време е за победа и нова титула!
Епа Вардаре, време е за победа и нова титула!

Епа Вардаре, време е за победа и нова титула!

В недела треба ФК Вардар да стане старо – новиот шампион на Македонија. В недела “црвено – црните” ќе се радуваат на уште една титула во низа. На Вардарци им се потребни уште три бода, една победа, за и теоретски да станат новите шампиони во македонскиот фудбал за оваа сезона.

Вардар веќе го стави да се  “лади шампањското”, истото треба да биде “оладено” и спремно за недела. Вардар би требало да има лесна задача и лесно да стигне до овие три бода, бидејќи на гости ни доаѓа отпишаниот тим на Македонија ЃП, кој веќе е во втората лига и нема за што да се бори.

Ова значи дека сите предуслови за големо славје се исполнети. Ве очекува в недела на Градскиот стадион сите заедно да прославиме уште една титула на Вардар и излез во Европа, односно квалификациите за Лигата на шампионите.