Утрово нашиот женски ракометен шампион замина за Будимпешта, каде во наредниве два дена ќе биде дел од завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Во комплетен состав отпатувавме за Унгарија, каде ќе се бориме за првиот трофеј во најголемото ракометно натпреварување. Црвено-црните за прв пат ќе бркаат и финале во лигата на шампионите. Последна пречка кон таа цел ќе биде екипата на ЦСМ Букурешт од Романија. Натпреварот се игра утре со почеток од 17:45 часот, со директен пренос на МРТ-1.