Во недела на теренот во населбата Ѓорче, генерациите на ФК Вардар родени 2002 и 2003 година ќе гостуваат на екипата на Њу Старс.
Генерацијата “2003“ предводена од Томче Трајановски со евентуален триумф на овој меч и теоретски ќе ја осигура титулата во регионалната-скопска лига. Нашиот состав има 11 бода повеќе од второпласираниот тим на Милано, па триумф денес на три кола до крајот ќе значат шампионска титула за црвено-црните. Во есенскиот дел натпреварот на овие две екипи одигран на академијата заврши со победа на Вардар од 2:1. Тогаш двата гола ги постигна Лео Андрески. Утрешниот дуел започнува од 10 часот.
Два часа подоцна на терен ќе излезат генерациите родени “2002“ на Вардар и Њу Старс. Дуел кој нема големо значење за изгледот на табелата. Избраниците на Ѓорѓиевски се пласираа во финалето на купот, каде ќе се борат за трофејот од ова натпреварување. Убедливо го добивме овој противник во есенскиот дел, кога славевме со резултат 7:0 на домашен терен.