Екипата на РК Вардар 2 овој викенд ги продолжува натпреварите во првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски во недела гостуваат во Куманово на истоимената екипа, дуел кој ќе започне од 13:30 часот.
До крајот на сезоната остануваат уште три кола за одигрување, а младите Вардарци се поизвесно е дека ќе завршат на второто место. Лидер на табелата со шест бода, но и натпревар повеќе од црвено-црните е екипата на Младост, која и пред почетокот на сезоната важеше за најголем фаворит за освојување на првото место, кое од следната сезона води во најсилната супер лига. Вардар е сигурен на втората позиција, со оглед дека има десет бода повеќе од третопласираниот тим на Риниа М. Тоа значи дека не очекува бараж за пласман во супер лигата. Таму најверојатно ќе играме со тимот на Металург 2, кој ќе заврши на претпоследното место во најсилната домашна лига. Сепак ова се само калкулации, кои немора на крајот да бидат така, во поглед на пласманот на екипите на првите две позиции.
Во есенскиот дел, Вардар 2 го победи Куманово со 31:25 и доколку сака да ги задржи шансите за првата позиција, треба да го добие овој меч на гостински терен. Токму наредната недела го играме одлучувачкиот дуел против екипата на Младост.