Попладнево екипата на ЖРК Вардар го одржа првиот тренинг во Будимпешта и полека се загрева за предизвикот кои ги очекува во текот на утрешниот ден. Екипата е комплетна и сите се ставаат на располагање за претстојниот завршен турнир во главниот град на Унгарија.
Утре на програмата е полуфиналето против ЦСМ Букурешт, кое започнува од 17:45 часот. Се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и дека на крај ќе излеземе како победници.