Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Вардар со пет момци утре ќе земе учество на Скопски маратон
Атлетика! Вардар со пет момци утре ќе земе учество на Скопски маратон

Атлетика! Вардар со пет момци утре ќе земе учество на Скопски маратон

Утре на улиците на главниот град на земјава, Скопје ќе се одржи најдобро организираната и најмасовната спортска манифестација во светот на атлетиката во нашата република “Виз Ер Скопски маратон-2017“. На неа ќе земат учество илјадници атлетичари и рекреативци од како што најави организаорот годинава рекордни над 50 земји од светот. На трката учество ќе земат и пет атлетичари на АК Вардар.

На оваа манифестација ќе се трча на најтешката атлетска дистанца 42 километри односно маратон, потоа полу-маратон односно 21 километар и ќе има трка на 5 километри. На овие три далечини ќе имаме преставици и од црвено-црниот атлетски колектив.

13312704_10154371191421435_5148468181516157608_n

На најдолгата дистанца од 42км ќе учествува легендата на Вардар и македонската атлетика, Трпе Мартиновски. Тој иако е навлезен по шестата деценија од животот повторно ќе се обиде да финишира на оваа пеколна делница. На полумаратонот ќе трчаат повторно како и минатата година Марко Ивановски и Петре Завировски. Покрај нив годинава на таа делница ќе трча и Дејан Василевски кој лани трчаше 42 колометри. За очекувањата на Дејан од патеката долга 21км земавме претходно изјава за нашиот сајт, истата може да ја најдете-тука. На патеката долга 5 километри ќе настапи Игор Димитровски, овој млад атлетичар ќе се обиде да дојде до најбрзата трка во својата кариера. Очекувањата на Игор во изјава за нашиот сајт може да ги најдете на следниот линк.