Денес и утре се игра завршниот турнир во женската лига на шампиони. Вардарки четврта сезона по ред се меѓу најдобрите четири екипи, а прв пат ќе се обидат да стигнат до големото финале. Пречка во полуфиналето ќе биде екипата на ЦСМ Букурешт. Истиве екии играа и минатата сезона во полуфиналето, кога поуспешни беа Романките кои славеа со резултат 27:21. Еден од нашите најголеми адути на овој завршен турнир е Андреа Пенезиќ која се наоѓа на врвот на листата на најдобри стрелци.
-Имаме реприза, имаме шанса за поправен се надевам ќе се подобриме. Имаме индивидуално силна екипа, но ако сакаме да победиме мора да играме тимски. Сезонава имавме и континуитет, но на последните натпревари и некои падови. Тоа е она што ни треба, да одиграме константно сите 60 минути. Сите да го „гризаат паркетот”. Само така може да се оствари зацртаното.
Пенезиќ вели дека на вакви завршни турнири нема изразити фаворити и секој може секого да победи. Мораме да бидеме смирени и да играме добро во одбраната.
-Мината година потфрливме, сега сме многу помирни и мислам дека ќе се подобриме. За да ја освоите Лигата на шампионите мора сите коцки да се поклопат. Ова се два натпревари во 24 часа и сѐ може да се случи кога се женски во прашање. Минатата сезона ЧСМ Букурешт имаше перфектен викенд, па треба само тоа да го пресликаме. Ланската сезона имавме голем притисок, сите веќе не сместија во финалето и тоа ни создаде големи проблеми. Треба да бидеме со ладни глави и со врело срце. Секогаш сметам дека одбраната може многу да допринесе за наш успех.