Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Ново Лисиче е финалист во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05
РК Ново Лисиче е финалист во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

РК Ново Лисиче е финалист во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Денес во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански стартуваше и последниот завршен турнир за оваа сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Денес се играаат полуфиналните натпревари во женскиот дел, кај генерациите родени 2004/05 и 2002/03 година.

Во првото полуфинале кај генерацијата 2004/05 се сретнаа екипите на РК Кастратовиќ и РК Ново Лисиче. Поуспешни беа Лисиче кои славеа со резултат . Уште од самиот старт избраничките на Маја Аврамоска имаа предност од 0:2. Првиот гол, Кастратовиќ го постигнува во 4 минута за да намали на 1:2. Во продолжение од мечот, Ново Лисиче постојано беше во предност, која се движеше од 1-2 гола разлика. Во тие моменти најрасположена за игра кај Лисиче беше Бојана Коцева која постигна три од петте гола на својот тим. Во 12 минута за прв пат на натпреварот, Ново Лисиче имаше и водство од највисоки три гола разлика (3:6).

vardarfans-novo-lisice

Намали за момент екипата на Кастратовиќ на 4:6, но избраничките на Аврамовска вратија со два погодоци во серија и зголемија на најголеми четири гола (4:8) во 14 минута. Последниот гол во првиот дел го постигна Кастратовиќ, кој намали на 5:8, резултат со кој се замина на одмор. Половина од головите за Лисиче во првиот дел ги постигна Бојана Коцева која имаше четири погодоци зад своето име.

vardarfans-rk-kastratovic

Второто полувреме започна со гол на Ново Лисиче, кој ги врати четирите голови предност. И ово овој период од натпреварот, Лисиче имаше контрола на резултатот а во 20 минута веќе имаа и солидно водство од пет гола (6:11). Избраничките на Дамовска немаа сили да се вратат во мечот, работите станаа многу појасни кога Лисиче имаше високи 6:13 во 23 минута. Во последните седум минути, РК Кастратовиќ постигна само еден гол. Конечниот резултат на крајот е 7:15. Бојана Коцева беше најефикасна со 6 голови.

18360548_10209291776713630_309398258_n

Со овој триумф РК Ново Лисиче успеа да обезбеди финале во оваа генерација, кое на програмата е во текот на утрешниот ден. Таму ќе го чекаат подобриот од дуелот, РК Кале и Опш. Кисела Вода 1.