Денес на теренот на Локомотива, помладите пионери на Вардар забележаа многу значајна победа во борбата за Шампионската титула во првенството. Совладана беше екипата на Металург со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Марко Ѓоргиевски и Александар Георгиевски.
Целосна доминација на Вардаровите фудбалери, кои и по првото полувреме имаа предност од 1:0. Противникот ниту еднаш посериозно не се закани кон нашиот гол. Со смирена и офанзивна игра, избраниците на Сашо Тодоровски успеаа да остварат триумф на овој дуел. Оваа генерација моментално се наоѓа на првото место на табелата, се до одгрувањето на натпреварот помеѓу прво и второпласираните екипи на Шкупи и Шкендија.
Во следното коло, не очекува гостување против екипата на Академија Пандев.