После освојување на СЕХА-лигата и историскиот пласман во Келн, нашиот ракометен шампион е пред нов предизвик, наречен одбрана на домашната круна во супер-лигата. За тоа да се оствари, избраниците на Гонзалес треба да го победат Металург со повеќе од три голови разлика.
Овој натпревар, кој треба да го даде новиот шампион на Македонија треба да се одигра во четврток со почеток од 19 часот во спортскиот центар Јане Сандански. Вардар знаел да се носи и во вакви ситуации кога “бркал“ и поголема негатива. Оваа сезона играме неверојатен ракомет и многу силни екипи потклекнаа пред нашиот Вардар. Се надеваме на повторување на играта од двомечот против Фленсбург и убедлива победа во дербито.