Фудбалскиот клуб на Борец од Велес испратил покана до шампионот на Македонија за одигрување на пријателски дуел. Шампионот на Македонија оваа покана веднаш ја прифатил, па така утре овие два тима ќе одиграа пријателски дуел на стадионот во Велес.
Инаку тимот на Борец оваа сезона обезбеди враќање во повисок ранг, од следната сезона овој тим ќе настапува во втората лига на Македонија. Утрешниот меч ќе започне со почеток во 17-00 часот.