Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар “брка“ три гола негатива, за нова 11 првенствена титула
Вардар “брка“ три гола негатива, за нова 11 првенствена титула

Вардар “брка“ три гола негатива, за нова 11 првенствена титула

После освојување на СЕХА-лигата и историскиот пласман на завршниот турнир во Келн, екипата на РК Вардар ја очекува уште еден голем предзвик оваа сезона. Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански ќе имаме можност да проследиме нов ракометен спектакал, а актери ќе бидат екипите на Вардар и Металург. Црвено-црните ќе имаат можност да стигнат до својата единаесетта титула, но за тоа да се случи треба да триумфираме со разлика поголема од три гола. Минатата сезона ја заверивме јубилејната десетта титула, кога на теренот на противникот, во спортската сала во населбата Автокоманда го совладавме Металург (21:24). На тој дуел брилијантен беше нашиот голман, Арпад Штербик кој мечот го заврши со 18 одбрани. Арпад одлично брани и оваа сезона и е еден од најзаслужните за постигнатите успеси оваа сезона. Што се однесува до минатогодишниот натпревар во Јане Сандански, истиот заврши со победа на црвено-црните, со резулат 26:22. И на тој дуел противникот од Автокоманда даде достоен отпор на нашиот шампион, кој на крајот успеа да слави. Двајцата најефикасни играчи на тој меч. не се веќе во составите на двете екипи. Филип Талески тогаш беше најдобар стрелец, додека кај нас се истакна Манасков, за кој беше прв натпревар против неговиот поранешен клуб. И двајцата оваа сезона се дел од тимот на Рајн-Некар во бундеслигата. На истиов терен пред две сезони, Вардарци го “прегазија“ Металург со високи осум гола разлика (26:18).

После елиминацијата на Металург во ЛШ, сите погледи беа свртени кон домашното првенство, каде беа забележани пет победи, од кои една и во дуелот со Вардар. Посебно треба да се обрне внимание на Немања Обрадовиќ, кој беше најефикасен на тој меч со 10 постигнати голови. Тука се и голманот Арсиќ, потоа крилото Илиќ, пикерот Пешевски и бекот Кузмановски, но и други ракометари кои се потенцијална опасност за нашиот гол. Вечершниот дуел започнува од 20:30 часот. Се надеваме на повторување на играта од двомечот со Фленсбург и освојување на нова домашна титула.