Македонската репрезентација до 19 години по втор пат ја победи Бугарија, овој пат нашите надежи триумфираа со резултат 3:2. Овој меч се одигра на на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Дел од триумфот беа тројца играчи на Вардар, Антовски, Колевски и Стојчевски.
Нашиот тим уште многу рано поведе со 2:0 со головите на Никола Богдановски во 11. минута и Бојан Миовски во 17. минута, по ова следуваа до крајот на првиот дел уште два гола, но овој пат на противникот за на полувреме да се замине со резултат 2:2.
Во вториот дел Јани Атанасов повторно беше човекот на одлука, како и на првиот меч, така и на овој, Атанасов го постигна победничкиот гол за нашата селекција. Со резултат 3:2 заврши овој тест дуел.
МАКЕДОНИЈА: 12. Благојче Иванов, 3. Михаил Маневски, 4. Енис Фазлагиќ, 5. Антонио Митрев, 6. Оливер Стоимановски, 8. Јани Атанасов, 9. Никола Богдановски, 13. Филип Антовски, 15. Бобан Миовски, 17. Марио Станковски, 18. Алтин Сефо; Селектор: Вујадин Станојковиќ;
1.Христијан Стевковски, 2. Кирил Ристовски, 7. Бојан Колевски, 10. Елиф Елмас, 11. Кристијан Трапановски, 14. Христијан Делевски, 16. Филип Стојчевски;
Фото: ffm.mk