Познати се полуфиналните двојки од националниот куп во женска конкуренција. Домаќин на завршниот турнир ќе биде екипата на Металург и спортската сала во населбата Автокоманда. Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени полуфиналните двојки, а нив ги сочинуваат Вардар – Гевгелија и Прилеп против Металург. Вардарки го бранат трофејот од минатата сезона во ова натпреварување.
Ова ќе биде 25-то издание на купот на Македонија, а 24-тото кое го освои Вардар исто така се играше во Автокоманда, а во големото финале Вардар убедливо го совлада Металург, со резултат 39:21. Тоа за црвено-црните беше трет последователен трофеј во купот, а вкупно четврти во историјата на клубот. На 19 и 20-ви мај ќе имаме можност за петтиот трофеј од ова натпреварување.