Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денешните противници, Вардар и Металург ќе се “судрат“ и во полуфиналето на купот
Денешните противници, Вардар и Металург ќе се “судрат“ и во полуфиналето на купот

Денешните противници, Вардар и Металург ќе се “судрат“ и во полуфиналето на купот

Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналните натпревари од купот на Македонија, во машка и женска конкуренција. Домаќин на најдобрите четири екипи во машка конкуренција ќе биде градот Битола и тимот на Еурофарм Работник. Веќе се познати три патници на Ф4 во Битола, тоа се екипите на Работник. Охрид и Металург. Четвртиот патник најверојатно ќе биде нашиот ракометен шампион, кој треба прво да ја помине четвртфиналната група.

Поради обврските во лигата на шампиони, немаше простор за одигрување на овие мечеви, кои се обврска за Вардарци, во наредниот период. Избраниците на Раул Гонзалес треба да добијат два противници, доколку сакаат да играаат на завршниот турнир од купот. Најпрво ќе се сретнеме со Борец од Велес, додека во финалето на групата се среќаваме со тимот на Радовиш. Доколку ги добиеме и двата натпревари, во полуфиналето ќе се сретнеме со тимот на Металург. Така беше одлучено на денешната ждрепка. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Охрид и Еурофарм Работник. Завршниот турнир се игра на 20 и 21-ви мај, како што споменавме во градот Битола. Вардарци се актуелни освојувачи на купот со триумфот во финалето токму против тимот на Металург и оваа сезона се најголеми фаворити за одбрана на истиот.