Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шкендија е противник на Вардаровите генерации во 20 првенствено коло
Шкендија е противник на Вардаровите генерации во 20 првенствено коло

Шкендија е противник на Вардаровите генерации во 20 првенствено коло

Во сабота и недела ќе се одигра 20 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во ова коло е екипата на Шкендија. Кадетите и младинците во сабота гостуваат во Речица, додека пионерските екипи во недела се домаќини на теренот на академијата.

Помладите пионери се наоѓаат во одлична форма и се очекува истата да ја потврдат и на неделниот натпревар против тимот од Тетово. Избраниците на Сашо Јанев убедливо ги добија последните два дерби натпревари против Работнички (4:1) и Металург (3:5). Борбата за тирулата е изгубена, но нашите надежи ќе се обидат со три победи до крајот на сезоната да завршат што е можно погоре на табелата. Во есенскиот дел на теренот на противникот одигравме со нерешен резултат 1:1. Натпреварот помеѓу овие две екипи во недела започнува од 10 часот.

Победи на последните два натпревари остварија и нашите пионери, кои се пласираа и во финалето на купот каде ќе се бара освојување на трофеј на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Што се однесува до позицијата во лигата, овој меч нема големо резултатско значење, но избраниците на Тодоровски сигурно дека максимално ќе влезат на овој натпревар и ќе триумфираат, во борбата за второто место на табелата. Оваа сезона одигравме три натпревари со овој противник. Во рамките на првенството, минимално загубивме во Тетово со 1:0. Со Шкендија се сретнавме и во четвртфиналето на купот, каде двата натпревари завршија со нерешен резултат 1:1. Посреќен во пенал рулетот беше Вардар, кој славеше со резултат 4:2, а херој за пласман во полуфиналето беше Мето Велковски. Во недела од 12 часот се игра мечот помеѓу Вардар и Шкендија.

Кадетите ќе се обидат да се вратат на победите, иако тоа ќе биде навистина тешко со оглед дека тие гостуваат во Речица. Оваа наша генерација сврза два порази во лигата, вклучувајќи ја и елиминацијата во полуфиналето на купот, па ова гостување доаѓа во лош момент за избраниците на Колев, кои одиграа под своите можности на последниот меч против Металург. На фомашен терен во есенскиот дел бевме убедливи против Шкендија, победувајќи со резлтат 5:1. Во последните три кола останува да го поправиме впечатокот и да го задржиме второто место на табелата во лигата. Натпреварот со Шкендија се игра во недела од 14 часот.

Младинците се единствената наша генерација, која на три кола пред крајот е во борба за титулата. Вардар и Шкендија пред одигрување на ова коло имаат ист број на освоени бодови, а овој дуел може да го реши и идниот шампион на Македонија. На Вардар му одговара и нерешен резултат, со тоа што ќе мора да победи на последните два натпревари. Во есенскиот дел бевме подобри од противникот, кога славевме со резултат 3:2. Не очекува тежок натпревар, каде црено-црните треба да дадат максимум и да остават срце на терен за победа, иако е познато под каков притисок ќе играме во Речица. Натпреварот кој може да ни донесе титула започнува од 16 часот.

Без овој натпревар, до крајот на сезоната ќе останат уште две кола за одигрување. Шкупи и Ренова последните наши противници за оваа натпреварувачка сезона.