Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар поразени во Тетово кај Шкендија
Кадетите и младинците на ФК Вардар поразени во Тетово кај Шкендија

Кадетите и младинците на ФК Вардар поразени во Тетово кај Шкендија

Денес во Тетово кај екипата на ФК Шкендија во рамки на 20.коло во првенството гостуваа екипите на кедетскиот и младинскот состав на ФК Вардар. Двете екипи беа поразени во сребите со тетовските црвено-црни попладнево.

Младинската екипа на Вардар во натпреварот кој имаше огромно значење бидејќи игравме со дирекниот конкуренд за титулата Шкендија бевме поразени со 3:0. Па така сега  на две кола пред крајот на сезоната Шкендија  има предност од три бодови на првото место на табелата. Домаќините ја најавија победата на овој натпревар кој се играше на игралиште во Голема Речица уште по 45 минути кога водеа со 2-0, стрелци во првиот дел за домашните баа Зејнулаи во 13 минута и Бајрами во 34минута. Вториот дел почна со ран гол за  3:0 веќе во 2.минута од вториот дел Бајрами погоди и го постави конечниот резултат.

 Вардар мечот го почна со овој состав: Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Стојчевски, Колевски, Даци. Уште играа: Џуклески, Најдоски, Маркоски, Хамзиќ, Тодоровски.

 999

Кадетската екипа на Вардар можеше да дојде до бодови сепак среќата не беше на нивна страна. По првите 45 минити мируваа мрежите на Чадороски и Денковски. Ние имавме први  водството  во 71. минута со голот на Јахја. Потоа следеше пресврт, најпрво со гол од пенал на Расими во 76 минута. Потоа погоди  Расими и во 81.минута со што  Шкендија дојде до пресврт и од трите бода од овој натпревар.

На игралиште во Голема Речица тренерот Влатко Колев стартуваше со овие момци: Денковски, Антовски, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Бериша, Стојчевски, Јахја, Скендерски, Трајчевски, уште играше и Стоименов.

Утре на теренот на Академијата на ФК Вардар во градски пар своите натпревари како домаќини против Шкендија ги играат пионерската и екипата на помлади пионери на ФК Вардар.