Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 со двата тима ја мина првата “етапа“ во разигрувањето
ФК Вардар генер.2006 со двата тима ја мина првата “етапа“ во разигрувањето

ФК Вардар генер.2006 со двата тима ја мина првата “етапа“ во разигрувањето

На терените на фудбалската федерација  на Македонија во текот на денешниот ден започнаа елиминациските натпревари во детската фудбалска лига, кај скопско-кумановскиот регион. Генерацијата родени “2006“ година ги добија првите два натпревари во овој дел од разигрувањето и обезбедија место понатаму.

04Во првиот натпревар се сретнавме со екипата на Албиион, ФК Вардар генерација 2004 (1) дојде до триумф со 6-1. Мечот го почнавме со две прилики кои не ги реализиравме. Стефан Коловски неуспеа најпрвин да го совлада голманот на Албион, потоа Крстевски Дамјан погди во статива. Првин на овој дуел поведоа нашите ривали со 0-1 со гол постигнат од пенал по три корни. Потоа имавме шанса за изедначување која не ја погоди Олег Трифуновски. Следеше конечно на средината на првиот дел гол за реми 1-1, истиот го постигна Давид Голубов по еден соло продор. Олег Трифуновски неуспеа да зголеми погодувајќи ја гредата. Потоа на сцена стапи Марко Николовски кој со два неверојатно убави голови ни донесе предност од 3-1. Тој и во двете прилики  направи “слалом“ низ противничката одбрана и со силни удари “тресеше“. Со овој резултат заминавме на одмор.

Вториот дел почна со гол за 4-1 во првата минута од вториот дел, стрелец на овој погодок беше Давид Голубов. Прекрасна одбрана во продолжение и тоа двојна имаше нашиот голман Данстак. Потоа Галевски се обиде да зголеми на 5:1, но голманот на противникот беше на висина на задачат. Две прилики потоа пропуштаме и преку Марио Николовски и Стефан Коловски, момците се направија добро ама не успеаа да погодат. Следеше до крај ефикасен период во кој од три шанси постигнавме два гола. Во првата прилика Давид Голубов зголеми на 5-1, во втората Дарко Сековски со удар од 15 метри по земја успеа да го постави конечниот резултат денеска 6-1. Треттата прилика која не беше крунисана со гол ја имаше Коловски.

02На вториот меч ФК Вардар (2) се сретна со тимот на Работнички кој го совладавме со високи 8-0. Веќе на почетокот преку Филип Симоновски поведовме со 1-0, кој со одличен удар постигна погодок. После овој гол ние продолживме со целосна офанзива со цел зголемување на резултатот. На сцена стапи Димитар Порчу кој постигна два одлични гола. За 2-0 погоди од слободен удар, а за 3-0 стрелаше од игра. Тој имаше уште една шанса потоа но неуспеа да ја валоризира со погодок. До крајот имавме една прилика која ја претворивме во гол, Настевски Ангел погоди по еден одличен соло продор за 4-0. Со овој висок резултат заминавме на одмор.

01Вториот дел почна со шанса на Филип Симоновски кој се обиде со удар од дистанца. Олег Михајловски се обиде да шутира од далеку еден играч на Работнички малку го смени правецот со што го изммаи својот голман. Ова беше погодок за наше водство од 5-0. На нашиот гол неколку инервенции во продолжение имаше одличниот денес голман на црвено-црните Мартин Ивановски. потоа шанса имавме преку Илиески Јован кој неуспеа да погоди во мрежата на ‘романтичарите“ . Постојано бевме во офанзива и шутиравме од разни позиции па така по една конфузија Работнички неуспеа да ја исфрли топката и ја уфрли во својата мрежа, со овој нивни автогол поведовме со 6-0. Одлиечн погодок следеше за 7-0, овој гол беше дело на Филип Цветковски.  Пред крајот на дуелот добивме пенал по три корни сигурен реализиатор на истиот беше нашиот голман Мартин Ивановски кој ги постави конечните 8-0.