Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2004 со двете екипи триумфирајќи денес обезбеди место во полуфиналето од разигрувањето
ФК Вардар генер.2004 со двете екипи триумфирајќи денес обезбеди место во полуфиналето од разигрувањето

ФК Вардар генер.2004 со двете екипи триумфирајќи денес обезбеди место во полуфиналето од разигрувањето

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија започнаа елиминациските натпревари во детската фудбалска лига, кај скопско-кумановскиот регион. Генерацијата родени “2004“ година ги добија првите два натпревари во овој дел од разигрувањето во рамки на четвртфиналето и обезбедија место во полуфиналето.

a2

Во првото четвртфинале кај генерација 2004 екипата на ФК Вардар 2  се сретна со тимот на Смилковци, нашите момци дојдоа до победа со 8-0 (2-0). Почнавме од прва минута да атакуваме на голот на екипата од Смилковци со цел рано да отвориме со погодок. Нашиот противник играше пожртвувано со цел да ја зачува својата мрежа. Прилика за нас имаше Анчевски Никола кој неуспеа сам на сам со голманот на противникот. Прилики во првиот дел кои не ги претворивме во погодок имаа и Ричков Марио и Георг Стојановски кои не ги претворија во погодок. Ние успеавме поради постојаната иницијатива да ги примораме противниците често да исфрлаат во корна. Првиот гол за 1-0 го погодивме од казнет удар по три корни, одлично стрелаше Георг Стојановски. Вториот погодок го постигнавме исто така од казнет удар, истиот играч Стојановски беше непогрешлив и погоди за 2-0. До крајот прилика пропушти Ричков чиј удар го одбрани голманот на Смилковци.

a3

Вториот дел започна со прилика за нашиот противник, одлична шанса сам на сам со нашиот голман Стефан Тасев имаше еден играч на нашиот ривал, сепак голманот на црвено-црните одбрани фантастично. Ричков повторно пропушти прилика за  погодок погодувајќи ја стативата од гол конструкцијата. Во продолжение Огнен Здравковски се обиде од дистанца сепак не успеа да погоди. Ричков беше во соло продор сам на сам со голманот кој исфрли во корна, по изведувањето на истата со глава за 3-0 погоди Горазд Попов.  Во продолжение доминиравме на треренот, по одлична асистенциија на Георг Стојановски за 4-0 погоди Ричков Марио.  Следеа два гола чии испиратор беше Никола Анчевски тој со две асистенции ги “вработи“ најприн Георг Стојановски кој погоди за 5-0, а потоа и Сандро Каровски кој стрелаше за 6-0. Следеше период на наша доминација до крајот по двојно проигрување помеѓу Георг Стојановски и Огнен Здравковски ја исфрливме целата одбрана и голманот и Огнен погоди од непосредна близина. Печат на натпреварот со последниот осми погодок стави Горазд Попов кој стрелаше за 8-0. Последна шанса на мечот за погодок имаше Ричков Марио која не ја претоври во нов 9-ти погодок во мрежата на Смилковци. Со оваа победа обезбедивме место во полуфиналето на нашиот регион во генерација 2004.

a4

Во вториот натпревар се сретнавме со екипата на ФК Работнички во овој дуел исто така дојдовме до победа и пласман понатака. Офанзивно тргнавме уште од првата минута со цел триумф на овој дуел. Погодивме за 1-0 преку Матео Софијановски кој беше во соло продор и успешно погоди по земја. Потоа прилика имавме преку Стефан Стојановски кој се обиде од 10 метра да погоди, но голманот одбрани. На 2-0 со удар од дистанца зголеми Бесар Гуџуфи со удар од дистанца. Потоа напаѓавме истиот играч шутна силно по земја еден играч на “романтичарите“ ја закачи топката која заврши во мрежата за 3-0.  Голема шанса имаше за црвено-црните Матео Софијановски која не ја претвори во гол.  Нашиот противник во продолжение успеаа по една мешаница да намали на 3-1. До крајот на првиот дел имавме уште една прилика, за нас се обиде Никола Павлевски.

a5

Вториот дел почна со погодок во првата минута на  Софијановски Марко кој беше во соло продор и зголеми на 4-1 за нас. Неговиот брат близнак Матео во продолжение имаше одлична прилика по која ја погоди стативата.  Работнички сериозно се закани да се врати во игра со головите за 4-2, а потоа и за 4-3 со што внесе неизвеснот. Кратко траеше нивната надеж Софијановски марио со одличен удар од слободен удар зголеми на 5-3 и најви дека ние сакаме да се пласираме понатака на овој меч. До крајот ја контролиравме играта имавме две сериозни прилики преку Бесар Гуџуфи, кои не успеавме да ги валоризираме. Сепак со оваа победа 5-3 обезбедивме пласмна во следната рунда од разигрувањето во детската лига.